Skip to content

Промоција на проектот во на националниот сервис МРТ 1

  • by

АЛТЕРТРИП ИПА Интеррег Грција – Република Северна Македонија 2014-2020, Промоција на проектот во утринската програма на националниот сервис МРТ 1

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола, третиот партнер во проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП, го промовираше проектот во текот на целиот месец декември 2022. Промоцијата на ИКТ алатките за пристапен туризам и јубилејот 35 години од основањето на здружението, на 22 декември 2022, беа една од главните теми во утринската програма на националнот сервис МРТ 1. Претседателот на МОБИЛНОСТ Битола, прим. д-р Нико Јанков, зборуваше за постигнатите резултатие во изминатите три и пол децении, како и за предизвиците што допрва претстојат, а менаџерката Ивона Јанкова објасни како проектот „АЛТЕР ТРИП“ ќе помогне во трансформацијата на регионот во попристапна и иклузивна туристичка дестинација, и како ИКТ алатките ќе го доближат нашето културно наследство до лицата со попреченост. Битола, како најголем град во Пелагонискиот регион, е сега чекор поблиску да биде попристапна туристичка дестинација, и се надеваме дека резултатите од проектот АЛТЕР ТРИП ќе продолжат да мотивираат подобрување на пристапноста во туристичките и другите бизниси во регионот. АЛТЕР ТРИП е финансиран од ИПА ИНТЕРРЕГ Програмата за прекуграничка соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“.

LINK: https://www.youtube.com/watch?v=Pwfl9eGABio