Skip to content

9. Меѓународна конференција

  • by

АЛТЕРТРИП Интеррег Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 на 9. Меѓународна конференција „Туризам, патување и угостителство во паметен и одржлив свет“

Водечкиот партнер во проектот „Алтертрип“, Институтот за истражување и развој на бизнис и изложби (ИЕЕ), учествуваше на 9. Меѓународна конференција „Туризам, патување и угостителство во паметен и одржлив свет“ (Tourism, Travel and Hospitality in a Smart and Sustainable World), која се одржа од 1 до 3 септември 2022 на островот Сирос. Презентацијата насловена „Пристапни туристички бизниси во прекуграничниот регион Грција – Република Северна Македонија: Случајот со Грција“, го прикажа квантитативното истражување спроведено во 134 одбрани туристички објекти во контекст на проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП. Целта на истражувањето беше да се процени изведбата на постоечките пристапни туристички услуги и објекти во рамките на проучуваната област (Солун, Кукуш, Сер, Пела и Лерин). Резултатите од студијата укажуваат дека општата состојба во проучуваната област во однос на пристапноста на туристичките бизниси е умерена. На учесниците на конференцијата им беа пренесени и предлозите што произлегоа за време на имплементацијата на АЛТЕР ТРИП во однос на подобрувањето на пристапноста кај туристичките бизниси.