Skip to content

Pilot activities – mk

ПИЛОТ АКТИВНОСТИ

Во рамките на проектот АЛТЕР ТРИП, водечкиот партнер – Институтот за истражување и развој на бизниси и изложби – разви мобилна апликација за андроид и iOS. Мобилната апликација нуди пристапни тури за посета низ Солун за лица со попреченост.

Конкретно, апликацијата претставува 10 историски споменици во градот, опишувајќи ја нивната историја со текст и аудио нарација. Исто така, мапирана е и рута меѓу овие споменици која е наменема за лица со намалена подвижност, целносно пристапна за лица во количка, како и за слепи лица и лица со оштетен вид и нивните водичи.

Апликацијата е достапна на грчки и на англиски јазик.

На другата страна од границата, во Република Северна Македонија, третиот партнер МОБИЛНОСТ Битола изработи самоводечка тура за лица со оштетен вид и лица со оштетен слух, која опфаќа 10 најзначајни културно-историски споменици во Битола. Турата е поставена на популарната апликација IziTravel, и содржи аудио нарација на македонски и на англиски јазик, како и видео нарација на македонски знаковен јазик.

Апликацијата е гео-означена и поврзана преку QR код и со тактилната туристичка сигналитика и печатениот туристички водич со Брајово писмо изработени во рамките на АЛТЕР ТРИП. Туристичката сигналитика е составена од 10 табли од не’рѓосувачки челик кои содржат тактилна слика и опис со Брајово писмо на македонски и на англиски јазик. Тие ќе бидат поставени на пристапни локации пред соодветните културни споменици, а печатениот туристички водич е изработен на 3 јазици: македонски, грчки и англиски јазик.

https://izi.travel/en/0f19-bitola-city-center-tour/en#ad32922f-dbea-4f12-87d4-88c5584c92fbv