Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола со задоволство Ве кани на Инфо деновите што се организираат во рамките на проектот „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП, чија цел е да мотивира трансформација на прекуграничниот регион во пристапна и привлечна туристичка дестинација.
Инфо деновите ќе се оджат во четврток, 25 мај во ресторанот „Две лири“ во Ресен, и во петок, 26 мај, во хотелот „Салида“ во Прилеп. Двата настани се со почеток од 11.00 часот.
Целта на Инфо деновите е да ги претстави испорачаните резултати во рамките на проектот, како и клучните прашања во поглед на пристапниот туризам, со акцент на правните барања, предизвиците и придобивките од пристапните туристички добра и услуги, но и употребата на ИКТ алатки и како сите засегнати страни во туристичкиот синџир на вредноти – и регионот во целина – може да ги користи придобивките од пристапните и инклузивни производи и услуги.
Дополнително ќе се разгледаат и можностите за отворање на нови работни места, со акцент на постоечките закони и мерки што го промовираат и поддржуваат вработувањето на лица со попреченост, вклучувајќи финансиска поддршка за адаптација на работното место. Исто така, ќе се фокусираме и на најдобрите практики, и во прекуграничниот регион и надвор од него, но и зошто е важна соработката со организациите на лица со попречености.
Агендата за двата настани можете да ја видите овде.
За АЛТЕР ТРИП:
Проектот АЛТЕР ТРИП има за цел да мотивира транформација на прекуграничниот регион во пристапна и инклузивна туристичка дестинација и да го поддржи одржливиот развој на туризмот на културното и природното наследство.
Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички во ИПА Интеррег Програмата за прекуграничка соработка „Грција – Република Северна Македонија“ 2014-202.