Skip to content

АЛТЕР ТРИП: Семинар за обука

  • by

Семинарот за обука на проектот АЛТЕР ТРИП ги мобилизираше професионалците и им ги разви вештините за пристапен туризам

Едукативниот семинар на проектот АЛТЕР ТРИП на тема пристапен туризам доби позитивен одговор и одбележа значајна дискусија за пристапните споменици во прекуграничниот регион на Грција и Република Северна Македонија. Учесниците ја подигнаа свеста, се стекнаа со нови знаења и вештини.

Едукативниот семинар за „Развој на вештини и поттик за јавниот сектор во поглед на пристапниот туризам“ се одржа во вторникот, 16 мај 2023, во хотелот „Медитеранеан Палас“ во Солун. Јазикот на семинарот беше англиски. Учесниците на семинарот беа засегнати страни во областа на туризмот, вклучувајќи туристички водичи, јавни службеници, НВО, специјализиран персонал, работници во споменици на културата и други од прекуграничниот регион на Грција и Република Северна Македонија.

Во текот на семинарот се одржаа две сесии. Првата сесија ја претстави Европската стратегија за правата на лицата со попреченост, законската рамка за пристапност и обука за услужување лица со попреченост. Д-р Панајотис Цалис и д-р Константинос Раптис го имаа главниот збор во овој дел. Втората сесија се фокусираше на пристапниот туризам како квалитативен фактор за одржлив развој на туризмот. Се дискутираше за обезбедување на пристапен туризам, како да се направи туризмот да биде пристапен, како и општествените и економски придобивки од неговата имплементација. На овие теми говореа д-р Спирос Авдимиотис, г-ѓа Атина Мурадиду и г-дин Григорис Тулиас.

Едукативниот семинар е дел од напорите на Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија и Тракија) да го промовира пристапниот туризам и да го подобри квалитетот на услугите што им се нудат на лицата со попреченост.

Вреди да се спомне дека во контекст на проектот беа развиени дигитална платформа и интерактивна мапа кои ги прикажуваат пристапните туристички рути и споменици од културното наследство во прекуграничниот регион на Грција и Република Северна Македонија.

Платформата може да ја посетите на следниов линк-> https://alter-trip.eu/gsis

За АЛТЕР ТРИП:

Проектот АЛТЕР ТРИП има за цел да мотивира транформација на прекуграничниот регион во пристапна и инклузивна туристичка дестинација и да го поддржи одржливиот развој на туризмот на културното и природното наследство.

Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички во ИПА Интеррег Програмата за прекуграничка соработка „Грција – Република Северна Македонија“ 2014-202.

www.altertrip.eu |  http://www.ipa-cbc-programme.eu/