Skip to content

Семинар за обука

  • by

АЛТЕР ТРИП организира Семинар за обука за развој на вештини и мотивација за јавниот сектор за пристапен туризам.

Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија и Тракија) со задоволство ги кани сите заинтересирани страни да учествуваат на семинар за обука за пристапен туризам. Семинарот ќе се одржи во вторник, 16 мај 2023, во хотелот „Медитеранеан Палас“ во Солун, со почеток од 10.00 часот. Семинарот ќе се одвива на англиски јазик.

Семинарот за обука е организиран во рамките на проектот АЛТЕР ТРИП, кој се фокусира на промоција на алтернативните туристички искуства. Целта на семинарот е да ги подобри капацитетите на сите заинтересирани страни во поглед на правилната употреба на инфраструктурата за полесен пристап за лица со отежнато движење во јавните простори, како што се места од културното и националното наследство.

Програмата на семинарот ќе опфати палета на теми поврзани со пристапниот туризам, вклучувајќи ја Европската стратефија за правата на лицата со попреченост 2021-2030, мотивација и обука за лица со попречености, како и придобивките од пристапниот туризам за општеството и економијата.

Обуката е дел од напорите на Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија и Тракија) за промоција на пристапниот туризам и подобрување на квалитетот на услугите што им се нудат на лица со попреченост и се наменети за сите заинтересирани страни, меѓу кои туристички водичи, јавни службеници, НВО, специјализиран персонал, работници во културни и национални споменици и други.

За да ја преземите програмата за обуката, кликнете овде.

За регистрација, кликнете овде.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички во ИПА Интеррег програмата за прекуграничка соработка „Грција – Република Северна Македонија“ 2014-2020.

www.altertrip.euwww.ipa-cbc-programme.eu

Гледиштата искажани во оваа соопштение не ги одразуваат гледиштата на Европската Унија, земјите учеснички и Управниот Орган.