Skip to content

АЛТЕР ТРИП на саемот за туризам „Б-Травел“

  • by

Проектот АЛТЕР ТРИП учествуваше на саемот за туризам „Б-Травел“, кој се одржа од 24 до 26 март во Барселона.

Саемот за туризам „Б-Травел 2023“ заврши со триумф и преку 25.480 посетители. На саемот имаше 118 штандови со поддршка од 34.458 следбеници. Но, особено значаен е меѓународниот карактер со претставени повеќе од 35 земји и 500 учесници. Исто така, значајно е и тоа што проектот АЛТЕР ТРИП беше единствениот претставник на Грција и Република Северна Македонија, промовирајќи го прекуграничниот регион на нови патници.

Вреди да се спомне дека „Б-Травел“ е еден од најголемите саемски настани во Шпанија, кој е признат од УФИ (Глобалната Асоцијација на изложбената индустрија) и е наменет за крајната патувачка публика, како што се главните туристички агенции, хотели, компании за крстарења, компании за превоз и туристички услуги.

Проектот АЛТЕР ТРИП беше претставен на саемот за туризам каде што бројни посетители добија важни информации за природата на проектот.

На саемот учествуваа претставници од сите три проектни партнери – Институтот за истражување и развој на бизниси и изложби (ИЕЕ), Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија и Тракија) и Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола – кои ги информираа посетителите за проектот АЛТЕР ТРИП, неговите цели и преземени дејствија, како и за прекуграничниот регион, неговите туристички ресурси, неговото културно и природно наследство, истовремено промовирајќи одржлив и пристапен туризам.

IВреди да се спомне дека проектот АЛТЕР ТРИП беше единственото претставување за Грција и Република Северна Македонија на саемот, привлекувајќи голем број посетители што беа заинтересирани да добијат индформации за прекуграничниот регион..

Учеството на проектот на саемот за туризам беше координирано од Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија и Тракија), кое се погрижи за презентацијата на печатени и аудиовизуелни материјали за грчкиот прекуграничен регион во соработка со Солунската туристичка организација. Истовремено, со намера да се создаде синергија на ниво на Програмата, аудиовизуелните материјали кои беа прикажани на саемот, вклучуваат и видеа од проектите „Тера Вино“ и „Света вода“.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички во ИПА Интеррег програмата за прекуграничка соработка „Грција – Република Северна Македонија“ 2014-2020.

www.altertrip.euwww.ipa-cbc-programme.eu

Гледиштата искажани во оваа соопштение не ги одразуваат гледиштата на Европската Унија, земјите учеснички и Управниот Орган.