Skip to content

АЛТЕР ТРИП со учество на саемот за туризам „Б-Травел“ во Барселона

  • by

Проектот АЛТЕР ТРИП учествува на саемот за туризам „Б-Травел“, кој ќе се одржи од 24 до 26 март во Барселона, со цел да ги нагласи и промовира проектните активности и туристичкиот потенцијал во прекуграничниот регион.

Проектот АЛТЕР ТРИП со партнерите од Институтот за истражувања и развој на бизниси и изложби (ИЕЕ), Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија и Тракија) и Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола, се подготвува за учество на саемот за туризам во Барселона, Шпанија, кој ќе започне за неколку дена.

„Б-Травел“ е најголемиот саемски настан во Шпанија, кој е препознат од УФИ (Глобалната Асоцијација на изложбената индустрија) и е наменет за крајната патувачка публика, како што се главните туристички агенции, хотели, компании за крстарења, компании за превоз и туристички услуги.

Проектот АЛТЕР ТРИП со своето учество на саемот ќе го промовира одржливиот и инклузивен пристапен туризам. Бидејќи, пристапниот туризам ги мотивира луѓето да уживаат во туристичкото искуство.

Визијата на проектот е да создаде и промовира мрежна на пристапни туристички дестинации во прекуграничниот регион на Грција и Република Северна Македонија. Има за цел да инспирира иновација, одржлив развој и, секако, пристапен туризам кај природното и културното богатство во регионот, вклучувајќи ги локалните и регионалните засегнати страни.

Главните резултати од проектот вклучуваат обезбедување на обуки во полето на пристапниот туризам, иновацијата и одржливиот развој на природното и културното наследство во регионот. Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија и Тракија), како одговорна страна за организацијата на учеството на саемот, се погрижи за презентацијата на печатени и аудиовизуелни материјали за грчкиот прекуграничен регион во соработка со Солунската туристичка организација. Истовремено, со намера да се создаде синергија на ниво на Програмата, аудиовизуелните материјали кои ќе бидат прикажани на саемот, вклучуваат и видеа од проектите „Тера Вино“ и „Света вода“.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички во ИПА Интеррег програмата за прекуграничка соработка „Грција – Република Северна Македонија“ 2014-2020.

www.altertrip.euwww.ipa-cbc-programme.eu

Гледиштата искажани во оваа соопштение не ги одразуваат гледиштата на Европската Унија, земјите учеснички и Управниот Орган.