Skip to content

Промоција на проектот на 35 години МОБИЛНОСТ Битола

  • by

АЛТЕРТРИП ИПА Интеррег Грција – Република Северна Македонија 2014-2020, Промоција на проектот на 35 години МОБИЛНОСТ Битола

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола, третиот партнер во проектот „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП, на 17 декември 2022 година го одбележа јубилејот 35 години од основањето. Настанот се одржа во спортската сала на Заедницата на инвалидски организации во Центарот за социјални работи – Битола, а меѓу присутните беа членови на здружението од сите три општини, како и пријатели и поддржувачи на здружението, кои добија плакети за нивната работа во и со здружението.

Главниот дел од настанот беше посветен на проектот „АЛТЕР ТРИП“, неговите цели, активности и очекувани резултати. Презентацијата на проектната менаџерка Ивона Јанкова ги опфати трите студии во однос на правната рамка, актуелната состојба на пристапната туристичка понуда во регионот и препораките како да се подобри пристапноста, како и резултатите од неодамна промовираните ИКТ алатки за пристапен туризам кои ќе им помогнат на лицата со попречености да го искусат нашето културно наследство. Заклучокот на оваа презентација беше дека „две глави мислат подобро од една“, односно дека нашите цели можеме да ги постигнеме ако работиме заедно, и дека соработката со експерти е клучна во мултидисципплинарниот пристап за наоѓање решенија за секој предизвик.

Настанот беше проследен од повеќе локални и национални медиуми. Проектот АЛТЕР ТРИП е финансиран од ИПА ИНТЕРРЕГ Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“.