Skip to content

Partners – mk

Бенефициенти

Институт за истражување и развој на бизнис и изложби (ИЕЕ)

Институтот за истражување и развој на бизнис и изложби е непрофитна организација, основана во 2006 година, во Солун, Грција. Нејзини основачки членки се Меѓународниот саем во Солун (ТИФ) – HELEXPO, Универзитетскиот истражувачки институт (URI) на Универзитетот „Македонија“, Трговско-индустриската комора на Солун (TCCI), Комората за мали и средни индустрии во Солун (VETH) и Сојузот на грчките стопански и индустриски комори (UHCCI).

Главната цел на Институтот е научната анализа на пазарот, специјализирана за изложбениот и конгресниот пазар и релевантните активности, како и извлекување корисни заклучоци во корист на државата, приватниот сектор и економијата.

Целта на Институтот која ја отелотворува неговата визија е да ѝ служи на изложбената индустрија и да ја олесни размената на информации и знаења на локално и на меѓународно ниво.

Активностите на Институтот вклучуваат учество во европски и прекугранични програми, спроведување на студии и анкети, како и обезбедување услуги за изложбената индустрија. 

Website: https://www.iee.org.gr
Телефон: +30 2310 291590
E-mail: info@iee.org.gr

Министерство за внатрешни работи (Сектор Македонија – Тракија)

Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија и Тракија) ја застапува владината политика во Северна Грција. Задачата на Министерството е имплементација на стратегии за регионален развој на Македонија и Тракија, заштита и унапредување на природното, архитектонското и културното наследство и унапредување на соработката со други земји за прашања од областа на животната средина, инфраструктурни проекти, културното наследство и развој на туризмот. Министерството се наоѓа во Солун, вториот по големина град во Грција и претставува добро структурирана организација со посебен Оддел за управување со европски програми. Исто така, има активна улога во имплементацијата на Законот за развојна политика за регионот на Северна Грција, индустриската контрола на пазарот, издавањето лиценци за заштитни згради и зачувани традиционални области. Усвои политичка екстровертност и активно учествува во меѓународни програми со цел да ги промовира компаративните предности на пошироката област, да ја промовира соработката со европските и меѓународните организации, да ги развие регионите за соработка во странство, да создаде односи со странските колеги во областите на заеднички интерес, како и да ги искористи европските фондови во корист на граѓаните на Северна Грција.

Website: https://www.mathra.gr
Телефон: +30 2313 501100
E-mail: info@mathra.gr

Здружение на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола е невладина, непрофитна и непартиска организација на лица со телесен инвалидитет, со седиште во Битола, Република Северна Македонија и има околу 1.100 регистрирани членови досега. Основана во 1987 година, на иницијатива на Сојузот на социјално-хуманитарни организации и оригинално именувана како Здружение на телесно инвалидизирани лица на Битола, организацијата подоцна одлучи да ги прошири своите активности во уште две други општини во Пелагонискиот регион – Демир Хисар и Ресен.

МОБИЛНОСТ Битола е здружена членка на Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Северна Македонија, чија главна цел е да идентификува, регистрира и активира лица со телесен инвалидитет (церебрална парализа, параплегија и квадриплегија, полио, мускулна дистрофија, мултипла склероза, ампутации и други невромускулни заболувања), да се залага и ги штити нивните права (на образование, социјална и здравствена грижа, вработување и севкупна вклученост во општеството), како и да ја надмине најголемата пречка – пристапноста.

Во изминатите три и пол децении, МОБИЛНОСТ Битола постигна голем дел од своите цели, како што е подобрената пристапност на јавните површини, во соработка со институции и организации на локално, национално и меѓународно ниво, со учества во повеќе национални и меѓународни проекти, организација на работилници и настани на различни теми и аспекти во однос на потребите и предизвиците на лицата со телесен инвалидитет.

Членови на Здружението се вклучени и активно учествуваат во разни општински и национални тела, давајќи ги неопходните видувања при воведувањето и имплементирањето на соодветните закони и регулативи, меѓународни декларации и конвенции. Меѓу најважните проекти на кои МОБИЛНОСТ Битола има работено е „Промоција на ратификацијата и имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост“ во 2010 година, која Република Северна Македонија ја ратификуваше следната година.

Website: https://www.mobilnostbitola.org.mk
Телефон: +389 (0) 47 232 733
E-mail: nikojankov@hotmail.com