Skip to content

Objectives – mk

ПРОЕКТОТ / Цели

Главната цел на проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“ е да мотивира трансформација на една територија во пристапна и инклузивна туристичка дестинација, и да го поддржи одржливиот развој на туризмот на културното наследство во прекуграничниот регион. Придонесува за развојот на прекуграничното партнерство, со вклученост и учество на разни учесници во туристичкиот синџир на вредности кои обезбедуваат квалитетни услуги за туристи со посебни потреби. 

Проектот има за цел да:

  • размени и увезе знаење и добри практики поврзани со подобрување на пристапноста до структурите на културното и природното наследство
  • ја подобри пристапноста и посетливоста на избраните средства од културно и природно наследство во прекуграничниот регион
  • го подобри капацитетот на властите одговорни за управување со имотите на културното и природното наследство, како и на професионалците од туристичката област (водичи, агенти за патувања и настани, транспортни услуги) за подобро справување со потребите на туризмот за постари лица и пристапниот туризам воопшто  (активности за градење капацитети)
  • развие платформа на која сите посетители со посебни потреби и постари посетители ќе можат да го дизајнираат своето патување во прекуграничниот регион и ќе можат преку оваа платформа (G.I.S.) да ги постигнат сите аранжмани за нивното патување за одмор
  • собере податоци поврзани со пристапноста и пријатноста за лицата со попреченост и постарите посетители на клучните културни и природни добра во прекуграничниот регион (теренски студии)
  • ја подобри на видливоста на средствата од културното и природното наследство кои се достапни и пријателски за сите, преку електронски и физички медиуми, кампањи итн. и преку производство на информативен водич за сите посетители со корисни информации за старите лица и лицата со попречености (брендирање и промоција);
  • спроведе заедничка студија за стратешко планирање за брендирање на прекуграничниот регион како меѓународна туристичка дестинација за стари и за лица со попречености, со висок квалитет и со ниски до средни трошоци