Skip to content

Пристапни и инклузивни туристички дестинации

Мотивирање на трансформација на една територија во пристапна и инклузивна туристичка дестинација и поддршка на одржливиот развој на туризмот на наследството во прекуграничниот регион

Луѓето што живеат во 5 гранични региони во Грција и 4 региони во Република Северна Македонија ги користат придобивките од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична сотаботка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“. Програмата вреди повеќе 45 милиони евра, со придонес од Европската Унија од речиси 39 милиони евра од Инструментот за помош пред пристапување во унијата (ИПА).

Програмата ја поддржува регионалната соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија. Главната цел на Програмата е да ја зголеми територијалната кохезија со подобрување на животните стандарди и можностите за вработување, притоа почитувајќи ја околината и со користење на природните ресурси за надградување на туристичкиот производ.

ИПА Интеррег Програмата за прекуграничка соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“ беше одобрена од Европската Комисија на 6 август 2015 година, со одлуката С (2015) 5655.

Вкупниот буџет алоциран во Програмата е 45.470.066,00 евра, од кои 38.649.552,00 евра е поддршка од Унијата, а 6.820.514,00 евра е поддршката од Националното ко-финасирање.

Програмата е изградена врз следните 3 приоритетни оски:

Приоритетна оска 1: Развој и подрршка на локалната економија

Приоритетна оска 2: Заштита на околината – Транспорт

Приоритетна оска 3: Техничка поддршка

Цели

Главната цел на проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“ е да мотивира трансформација на една територија во пристапна и инклузивна туристичка дестинација, и да го поддржи одржливиот развој на туризмот на културното наследство во прекуграничниот регион. Придонесува за развојот на прекуграничното партнерство, со вклученост и учество на разни учесници во туристичкиот синџир на вредности кои обезбедуваат квалитетни услуги а туристи со посебни потреби.

Резултати

Главната придобивка што произлегува од имплементацијата на проектот е двојна: од една страна подобрување на атрактивноста на туристичкиот производ преку создавање разновиден производ за цела сезона во прекуграничниот региион, фокусирајќи се на компаративните предности на руралните области, привлекувајќи лица со попреченост и лица со намалена подвижност воопшто и нивните семејства. Паралелно, горенаведеното ќе го олесни партнерството за решавање на јазот во компетентноста за пристапниот туризам меѓу малите и средни претпријатија во туристичкиот сектор преку нудење сеопфатна обука во областа на пристапниот туризам, иновациите и одржливиот развој на областите на природно и културно наследство, поддршка на претприемништвото и зголемување на вештините заедно со јавниот сектор можат дополнително да ја развијат проектната идеја со огромни придобивки за сите, обезбедувајќи соодветна додадена вредност на областа.

Обезбедени резултати

Проектот се состои од 5 работни пакети, со добро дефинирана структура за тоа што и како треба да се постигне:

  • Управување и координација
  • Информации и публицитет
  • Анализа на јазот во инфраструктурата, знаењата и вештините потребни за справување со туристите со посебни потреби
  • Сет алатки за обука и одржливост
  • Преведување на теоријата во пракса

3

партнери

2

држави

356251

буџет (во евра)

18

времетраење (месеци)

НОВОСТИ – ПРЕС

АЛТЕР ТРИП: Обука за пристапен туризам во Битола

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола, како т…

АЛТЕР ТРИП го промовира пристапниот туризам во прекуграничниот регион

Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија и Тракија) со задоволство Ве кани на инфо ден …

АЛТЕР ТРИП: Завршна конференција

Институтот за истражување и развој на бизниси и изложби (ИЕЕ) Ве кани во конгресниот центар „Јоанис …

КОРИСНИЦИ

Институт за истражување и развој на бизнис и изложби (ИЕЕ)

Министерство за внатрешни работи (Сектор Македонија – Тракија)

Здружение на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола