Skip to content

АЛТЕР ТРИП: Завршна конференција

  • by

Институтот за истражување и развој на бизниси и изложби (ИЕЕ) Ве кани во конгресниот центар „Јоанис Велидис“ просторија 6 – Олимпијас, во вторник, 20 јуни 2023 во 10.30 часот, на Завршна конференција за проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП, финансиран од ИПА Интеррег Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“.

Главната цел на проектот АЛТЕР ТРИП е да придонесе во трансформацијата на прекуграничниот регион во туристичка дестинација пристапна за сите, без исклучоци. Дополнително, проектот има за цел да го поддржи одржливиот развој на прекуграничниот регион на Грција и Северна Македонија.

Главната придобивка што ќе резултира од имплементацијата на проектот е подобрувањето на привлечноста на туристичкиот производ во прекуграничниот регион, создавајќи разновиден производ за сите туристички сезони, со акцент на споредбените предности на руралните области со привлекување на лица со попреченост, лица со намалена подвижност воопшто и нивните семејства.

Истовремено, преку горенаведенто, ќе се олесни соработката за решавање на разликите во пристапниот туризам меѓу малите и средни претпријатија во туристичкиот сектор, нудејќи им: а) сеопфатна обука од областа на пристапниот туризам, иновација и одржлив развој на регионите со природно и културно наследство, б) поддршка за претприемништво и в) подобрување на вештините  во соработка со јавниот сектор, каде што идејата на проектот носи придобивки за сите, притоа давајќи му додадена вредност на регионот. Сите што се заинтересирани да учествуваат на Завршната конференција на проектот АЛТЕР ТРИП, Ве молиме регистрирајте се кај г-ца Марита Папајани на +30 6945 25 7171.

Заради ограничениот број на учесници, ќе се почитува правото на предност.

*Јазикот на Завршната конференција на проектот АЛТЕР ТРИП ќе биде англиски.

Погледнете ја поканата и програмата за конференцијата.

За АЛТЕР ТРИП:

Проектот АЛТЕР ТРИП има за цел да мотивира транформација на прекуграничниот регион во пристапна и инклузивна туристичка дестинација и да го поддржи одржливиот развој на туризмот на културното и природното наследство.

Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички во ИПА Интеррег Програмата за прекуграничка соработка „Грција – Република Северна Македонија“ 2014-202.

www.altertrip.eu |  http://www.ipa-cbc-programme.eu/