АЛТЕРТРИП Интеррег ИПА Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 на 4. Меѓународна конференција за одржлив културен туризам (4th International Conference on Cultural Sustainable Tourism- CST2022)
Институтот за истражување и развој на бизнис и исложби (ИЕЕ), водечки партнер во проектот „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“ АЛТЕРТРИП, со онлајн презентација учествуваше на 4. Меѓународна конференција за одржлив културен туризам (4th International Conference on Cultural Sustainable Tourism- CST2022), кој се одржа на 22 и 23 ноември 2022 година. Хибридната конференција беше организирана од страна на Меѓународните експерти за збогатување на истражувања и размена на знаења (International Experts for Research Enrichment and Knowledge Exchange – IEREK), заедно со Универзитетот од Маја (Португалија). Презентацијата беше објавена и во Конференцискиот зборник. Презентацијата насловена „Пристапни туристички бизниси како начин за промовирање на одржлив културен туризам во Солун, Грција“ ја дискутираше пристапноста на туристичките бизниси во Солун како фактор кој придонесува за одржливиот културен туризам во градот. Целта на студијата беше да ја процени изведбата на постоечките туристички услуги и објекти на туристичките бизниси во пет регионални единици во северна Грција. Квантитативното истражување беше спроведено во 134 одбрани туристички бизниси. Истражувањето беше спроведено како дел од проектот„ Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП, финансирано од ИПА ИНТЕРРЕГ Програмата за прекугранична соработка Грција – Република Северна Македонија 2014-2020. Резултатите покажаа дека општата состојба во проучуваната област во однос на пристапноста на туристичките бизниси е умерена. Целта е пристапноста да биде универзална и сеприсутна, така што заклучивме дека има простор за подобрување на пристапноста на туристичките бизниси во проучуваната област. Најохрабрувачкиот наод од анкетата е фактот што оние кои се вклучени во туризмот во проучуваната област, изразија желба да се образуваат и да се обучат за пристапноста, како и да вложат пари за подобрување на пристапноста во своите бизниси. Написот завршува со некои предлози за подобрување на пристапноста на туристичките бизниси во проучуваната област, врз основа на бариерите што произлегоа од истражувањето.